Дописници МКДКултураКултура.Портал

Промовирана новата збирка на поезија „Тестамент од свила“ на Љуљзим Хазири

Пред љубителите на пишаниот збор, денес беше промовирана новата збирка на поезија „Тестамент од свила“ (Testament prej mëndafshi) на гостиварскиот автор Љуљзим Хазири. Последната книга на Хазири содржи педесетина песни и е напишана на албански јазик

Гостивар, 18 јануари 2020 (МИА) – Пред љубителите на пишаниот збор, денес беше промовирана новата збирка на поезија „Тестамент од свила“ (Testament prej mëndafshi) на гостиварскиот автор Љуљзим Хазири. Последната книга на Хазири содржи педесетина песни и е напишана на албански јазик.

На прамоцијата во ресторанот Елита, за најновото дело, Хазири нагласи дека содржи творби кои се создавани во изминативе петнаесетина години и преставува негово најобемно дело издадено досега.

– Пораката произлегува од самиот наслов и како што секој тестамент остава некакво материјално богатство, јас како автор можам да ја оставам сопствената душа преточена во свилените стихови, истакна Хазири.

Издавањето на последното дело на Хазири е поддржано од Министерството за култура, а во графисчкото и ликовно опремување и подготовка биле вклучени неговите син и ќерка Таби и Едона.

Љуљзим Хазири е активен новинар и активист за човекови права и досега издал седум книги со поезија и публицистика. Првата книга тој ја издал пред триесет години.згм/бк/

Back to top button
Close
Close