Kultura.SlajderДописници МКДКултураКултура.Портал

Промовирана книгата „Театарски светлини“ на Киро Герасимов

Збирка со фотографии, текстови, плакати, рецензии и сведоштва за почетоците и развојот на аматерскиот театар во Гостивар, со наслов „Театарски светлини“ беше промовирана вечерва во Гостивар. Авторот, Киро Герасимов пред публиката која дојде на промоцијата во големата сала на центарот за култура АСНОМ, сподели сеќавања на како што рече повеќедецениското другарување со гостиварските театарски работници.

Гостивар, 18 јуни 2021 (МИА) – Збирка со фотографии, текстови, плакати, рецензии и сведоштва за почетоците и развојот на аматерскиот театар во Гостивар, со наслов „Театарски светлини“ беше промовирана вечерва во Гостивар. Авторот, Киро Герасимов пред публиката која дојде на промоцијата во големата сала на центарот за култура АСНОМ, сподели сеќавања на како што рече повеќедецениското другарување со гостиварските театарски работници.

Рецензентката м-р Љупка Стојменова за најновото дело на кочанскиот новинар, поет, публицист рече дека тоа нè запознава со постоењето и работата на аматерските драмски групи од Гостивар и околината.

– Идејата да се зберат на едно место сите значајни моменти и фигури поврзани со гостиварското театарско живеење по ослободувањето, го сфаќам како враќање на културната енергија на тоа време. Таа е повеќе од позитивна и во толкава мера потребна во денешни услови, рече Стојменова.

Во книгата на седумдесетина страници се забележани сите настапи на драмските аматери на републичката драмска смотра РАДС за периодот од 1961 до 2019 година. Освен оригиналните плакати, дипломи и рецензии има и фотографии, за кои авторот рече дека јавноста нема да ги видела, доколку нивните сопственици не ги дале да се објават во ова печатено издание.

Покрај авторот Герасимов и рецензентката Стојменова, од сцената зборуваа, младите актери од театарот „Дунек“ и доајенот на гостиварското глумиште Стојче Нешкоски, кој во сеќавањето на минатите времиња, најсрдечно се заблагодари на Димитрија Митко Томоски кој како што рече е идејниот творец на аматерскиот театар во Гостивар и на редица актери кои настапувале во изминативе шеесетина години. згм/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close