Дописници МКДОпштински вести

Промовирана библиографијата „Штип и штипјани во дневните весници и списанија“ за 2018 година

Библиотеката „Гоце Делчев“ - Штип денеска ја промовираше втората библиографија насловена „Штип и штипјани во дневните весници и списанија“ за 2018 година. Автори на библиографијата се Жаклина Петрушева и Ирена Јорданова, вработени во НУУБ „Гоце Делчев“-Штип. Петрушева за МИА вели дека во неа се наоѓаат 1.100 библиотечни единици.

Штип, 4 февруари 2020 (МИА) – Библиотеката „Гоце Делчев“ – Штип денеска ја промовираше втората библиографија насловена „Штип и штипјани во дневните весници и списанија“ за 2018 година. Автори на библиографијата се Жаклина Петрушева и Ирена Јорданова, вработени во НУУБ „Гоце Делчев“-Штип. Петрушева за МИА вели дека во неа се наоѓаат 1.100 библиотечни единици.

-Тоа значи дека имаме 1.100 статии кои се пронајдени во дневните весници и списанија, се однесуваат на градот Штип и некои наши сограѓани, штипјани или пак авторот на статијата е наш сограѓанин, вели Петрушева.

Прашана дали ќе направат и истражувања и за веб-порталите, имајќи предвид дека дневните весници пополека згаснуваат, Петрушева со одговор дека истражувањето е лесно да се направи, но програмата на која работи Библиотеката е наменет само за списанија и весници и полесно можат да се обработуваат во Кобис програмот. Забележува дека околу 10 новинари пишуваат во дневни весници и списанија, а најчесто наоѓаат статии кои не се потпишани од авторите на статиите. Некои од нив ги преземаат од државната агенција МИА, без да наведат извор или пак да стојат иницијалите на авторот кој го сработил новинарскиот производ.

Рецензент на библиографијата е универзитетскиот професор Милена Ристова-Михајловска која изјави дека оваа библиографија е значајна пред се за истражувачите, од аспект на тоа што електронските медиуми на подолг рок не ги задржуваат сите информации, кои се објавуваат на него.

-Сето ова што е објавено во печатените медиуми е регистрирано во една ваква публикација и она што е многу значјано и важно е регистерот на имиња и наслови, кои се содржани во публикацијата, вели Ристова-Михајловска.

Петрушева и Јорданова најавија дека веќе ја подготвуваат и третата библиографија за 2019 година. вдј/мд

Back to top button
Close
Close