0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Промовиран проектот за уредување на Бислимска клисура, кумановско

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска го промовираа проектот „Уредување и валоризација на спортско рекреативен еко-центар Бислим“.

Куманово, 9 мај 2021 (МИА) – Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска го промовираа проектот „Уредување и валоризација на спортско рекреативен еко-центар Бислим“.
Спортистите и рекреативците имаат можност да користат кајаци, велосипеди, мотоцикли. Бислимска клисура на овој начин станува атрактивно туристичко место за љубителите на алтернативниот, авантуристички туризам.
Набавката на опремата ја обезбеди Швајцарската амбасада, Министерството за локална самоуправа, инвестирани се скоро осум милиони денари. Опремата преку „ЛАГ Абер 2015“ ја даде на стопанисување на „Вертикал травел“ од Скопје, кои преку „Оutdoor adventure Macedonia „ќе понуди опрема за активности и услуги за спортистите и рекреативците.

– Ние како Министерство, заедно со швајцарската амбасада набавивме 15 опремени кајаци, коишто можат да ги користат лицата со посебни потреби, набавени се по осум машки и женски велосипеди, шест електрични велосипеди и два мотори со погон на четири тркала, дополнителна опрема која ќе се користи за разновидни содржини, велосипедизам, алпинизам, изјави Милевски.

Тој смета дека овој неискористен потенцијал за развој на туризмот ќе поттикне нови инвестиции и во селото Пчиња и во поширокиот регион, ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи и од државата и странство, ќе се развие и локалната економија.

Амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер, истакна дека ова е едно од најубавите места на северот од земјата, чија природа, бои, капри, река пленат со убавина и изрази задоволство што амбасадата како партнер учествува во промоција и развој на Бислимска клисура.

– Мошне сум задоволна и горда што во изминативе неколку години соработката со Министерството за локална самоуправа навистина напредна и е прекрасно искуство во моментов. Благодарност и до градоначалникот на Куманово за подготвеноста вакви иницијативи и да го поддржува понатамошниот развој на Бислисмска клисура, изјави Зутер.

Бислисмка клисура нуди и патеки за искачување по капри, а важна е за целиот североисточен регион.

– Нашата цел како општина и како североисточен регион е да го искористиме потенцијалот на Бислимска клисура за развој на туризмот, рече Димитриевски.

Тој се заблагодари на амбасадата и на министерството за поддршката и најави поддршка за ентузијастите кои го промовираат ова место.

Голем број рекративци, велосипедисти, професионалци, спортисти, денеска ја посетија клисурата. Дел од нив се качуваа на карпите, други возеа по стрмните патеки, а поголем дел беа семејства кои уживаа во прошетките на ова туристичко место.ам/ир

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close