0_Македонија.ПорталОпштество

Промовиран прирачникот „Препораки за предавање и учење за холокаустот”

Институтот за духовно и културно наследство на Албанците денеска ја промовираше публикацијата „Препораки за предавање и учење за холокаустот“.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) –  Институтот за духовно и културно наследство на Албанците денеска ја промовираше публикацијата „Препораки за предавање и учење за холокаустот“.

Како што наведуваат од Институтот, министерот за образование и наука Арбер Адеми на промоцијата го поддржал нивниот проект и изразил подготвеност да помогне за наставата за холокаустот да биде вклучена во училиштата.

Со видеолинк се обратил и премиерот Оливер Спасовски, кој го пофалил објавувањето на „Препораките за предавање и учење за холокаустот“ потенцирајќи дека проектот е реализиран во рекордно време и со врвен квалитет што, според него, зборува за сериозноста на работата на овој Институт.

Со видеообраќања настанот го поздравија и амбасадорот Јован Теговски, во својство на национален координатор во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА) од Северна Македонија, и амбасадорот на Израел Дан Ориан, кој ценејќи ја важноста на оваа публикација, ја поздрави работата на Институтот и Одделот за образование и истражување за холокаустот.

Во состав на тимот кој го реализираше прирачникот се: д-р Игор Јуруков од Бирото за развој на образованието, и д-р Зекирија Ибрахими, д-р Теута Агаи Демјаха и Маја Суша – истражувачи во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје. хс/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close