Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Промотивна апликација за виртуелно искуство на Археолошкиот објект Стоби

Првата апликација за виртуелно искуство што овозможува патување во минатото и доживување на гладијаторски преформанс од 2 в.н.е во грандиозниот театар на Стоби ќе биде достапна за посетителите на Археолошкиот објект  од 19 септември.

Скопје,  18 септември 2020 (МИА) – Првата апликација за виртуелно искуство што овозможува патување во минатото и доживување на гладијаторски преформанс од 2 в.н.е во грандиозниот театар на Стоби ќе биде достапна за посетителите на Археолошкиот објект од 19 септември.

Апликацијата промотивно ќе биде достапна на 19 и 20 септември на локалитетот, а посетителите ќе имаат можност бесплатно да го доживеат гладијаторското искуство.

Посетите на Стоби ќе бидат организирани преку резервации, а услугата на локалитетот ќе биде достапна со резервација на термин по цена од 180 денари.

– Нашата организација веќе неколку години работи на развој на социјани иновации со користење на технологијата. Соработката на креативните и културните институции е неопходна за развој на инвоативни проекти кои ќе го доближат и промовираат богатото културно наследство на Македонија и ќе овозможат нови искуства на посетителите на културните иснтитуции. Соработката со Стоби е одличен пример за користење на новите технологии во содавање на нови дигитални алатки за доживување на културното наследство, истакнаа од Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“.

Новата туристичка понуда користи технологија за виртуелна реалност во промоција на богатото културно наследство на Стоби. Продуцираната VR апликација им овозможува на  посетителите интерактивно патување низ времето и просторот, претставувајќи  го римскиот театар во својот полн капацитет, жителите на Стоби, опремата на гладијаторите, како и самите гладијаторски борби.

Спасе Перовски директор на  Националната установа Стоби истакна дека проектот „Откривање на римскиот град Стоби – Виртуелено искуство” го вброи археолошкиот локалитет Стоби на листата на современите историско-археолошки паркови низ Европа. Со оваа апликација, години и страници научно – истражувачка работа се преточени во креативна дигитална алатка за презентација на автентичната историска реалност пред публиката од сите возрасти.

Римскиот театар во Стоби е еден од најимпресивните објекти изградени во овој град, и е еден од четирите римски театри откриени во денешна Македонија. Репертоарот на театарот се состоел од гладијаторски борби, борби со диви животни, театарски претстави, мимички претстави, хорски изведби и други перформанси. Гледалиштето на театарот било со височина околу 20 метри, седиштата биле поставени во 34 реда со капацитетот од околу 7000 гледачи. ки/сп/

Back to top button
Close
Close