Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

„Промоција на „Волшебната авантура” и „Одмаздата на богомолката” од Оља Петрушевска -Томева

Во паркот пред Културно-информативен центар – Скопје денеска ќе бидат промовирани книгите „Волшебната авантура” и „Одмаздата на богомолката” од Оља Петрушевска -Томева.

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Во паркот пред Културно-информативен центар – Скопје денеска ќе бидат промовирани книгите „Волшебната авантура” и „Одмаздата на богомолката” од Оља Петрушевска -Томева.

Оља Петрушевска Томева, дипломиран правник и магистар по европско право и интеграции. „Волшебната авантура“, раскази за деца е прва литературна обајава на Оља Петрушевска Томева. Книгата ја сочинуваат два расказа, едниот насловен „Волшебната авантура“ како што е и насловот на книгата, а другиот „Јас, Ана и нашето детство“.

„Одмаздата на богомолката“, пак, е роман за возрасни во кој авторката преку светот на илузијата раскажува за болката и љубовта.

Книгите ќе ги промовира Татјана Гогоска, водител ќе биде Елена Максимовска, а предвидена е и драмска игра на Марко и Филип Томеви.

Промоцијата ќе биде пренесувана на LIVE STREAM на ФБ страница на КИЦ – Скопје. са/ев/

Back to top button
Close
Close