Biznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Промоција на резултатите од проектот на ФАО за агрoеколошко зонирање  

ФАО и Министерството за земјоделство денеска ќе ги презентираат резултатите од проектот за техничката соработка „Oценка на земјоделското производство преку национално агроеколошко зонирање и информативен систем за управување со земјишни ресурси, и развој на сценарија”.

Скопје, 6 декември 2019 (МИА) – ФАО и Министерството за земјоделство денеска ќе ги презентираат резултатите од проектот за техничката соработка „Oценка на земјоделското производство преку национално агроеколошко зонирање и информативен систем за управување со земјишни ресурси, и развој на сценарија”.

Главната цел на проектот е да се подобри земјоделското производство и да се зајакне националниот капацитет преку развивање национални агроеколошки зони и информативен систем за агроеколошки информации и сценарија, кои ќе послужат за донесување одлуки, намалување на климатските ризици и адаптација кон климатските промени на локално ниво.

На настанот се најавени обраќања на министерот за земјоделство Трајан Димковски и на Ченг Фанг, економист и главен технички офицер, ФАО регионална канцеларија за Европа и Централна Азија. мч/са/

Back to top button
Close
Close