КултураКултура.Портал

Промоција на монографијата „Првиот принцип – цртежот“ од Марија Павловска

Монографијата „Првиот принцип - цртежот“ од д-р Марија Павловска, ќе биде промовирана вечер во галеријата ОСТЕН. Промотор на делото е проф. м-р Антони Мазневски, сликар, скулптор и професор на ФЛУ.

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Монографијата „Првиот принцип – цртежот“ од д-р Марија Павловска, ќе биде промовирана вечер во галеријата ОСТЕН. Промотор на делото е проф. м-р Антони Мазневски, сликар, скулптор и професор на Факултетот за ликовна уметност.

Станува збор за докторската теза „Историско – уметнички преглед на темата цртеж низ стиловите, низ епохите, како основа на уметничко дело” на Павловска изработена под менторство на проф. д-р Кокан Грчев, која е преточена во монографско дело.

Според менторот проф Грчев, предметот на истражувањето на овој труд на д-р Павловска е проблематиката, содржината и важноста на ликовно визуелниот линеарен запис: цртежот, третиран и разбран како примарен визуелен запис и документ кој следствено влијае врз развитокот на сите други визуелни дисциплини: сликарство, вајарство, архитектура. Притоа, историскиот развој на феноменот на цртежот е поставен во контекст на соодветно истражување на ликовно визуелниот запис.

-Ова истражување особено го подвлекува значењето на цртежот како примарна структура на секое уметничко дело, давајќи му на самиот цртеж значење и функција да опстојува и да биде препознаен како автономен документ, автономна визуелна форма. Фокусирајќи се на цртежот и обидувајки се да го постави во улога на суштина на визуелните дисциплини, истражувањето доведува кон соодветно ниво на разбирање на структурата, дефинираноста, важноста, примарноста, стабилноста, моќта на цртежот и неговиот развој, како основни елементи на темата на истражувањето, вели проф. Грчев за делото. вг/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close