Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Промоција на матурантите од средното техничко училиште во Гостивар

Со прогласување на најуспешните ученици и доделување признанија, се заокружи промоцијата на последната генерација (2017-2021) матуранти во општинското средно техничко училиште (ОСТУ-Гостивар).

Гостивар, 26 мај 2021 (МИА) – Со прогласување на најуспешните ученици и доделување признанија, се заокружи промоцијата на последната генерација (2017-2021) матуранти во општинското средно техничко училиште (ОСТУ-Гостивар).

Годинава 155 средношколци кои изучуваа технички струки на три наставни јазици ќе добијат дипломи по официјалниот крај на учебната година. Тоа беше најавено на церемонијата која беше организирана по тој повод.

Раководителката на секторот за образование од општина Гостивар во обраќањето се заблагодари на истрајноста како на родителите, така и на учениците и нивните наставници кои, како што рече, предизвикот да се реализира во целост онлајн наставата, во услови на пандемија.

Директорот на училиштето Бесир Салиу на матурантите со честитката им посака успех и нагласи дека е горд на она што го постигнале.

Според постигнатиот успех, на свеченоста беа прогласени учениците на генерацијата. Годинава тоа се: Ариф Скендеровски од паралелките на турски јазик, Маријана Петреска од македонските паралелки и Семира Елези од албанските паралелки. згм/цр

Таг
Back to top button
Close
Close