КултураКултура.Портал

Промоција на книгата со илустрации „Црно на бело“ и стрип магазинот „Деветка“

Во паркот пред КИЦ-Скопје вечер ќе бидат промовирани книгата со илустрации „Црно на бело” од Игор Јовчевски и стрип магазинот „Деветка” од издавачката куќа „Стрип Квадрат“.

Скопје, 4 септември 2020 (МИА) – Во паркот пред КИЦ-Скопје вечер ќе бидат промовирани книгата со илустрации „Црно на бело” од Игор Јовчевски и стрип магазинот „Деветка” од издавачката куќа „Стрип Квадрат“.

Промотори ќе бидат Душко Кралевски, Никола Темков и Игор Јовчевски. Заинтересираните граѓани настанот ќе можат да го следат и онлајн на фб страната на КИЦ-Скопје.

Игор Јовчевски е македонски илустратор и стрип автор.

– Црта откако знае за себе, а професионално од 2004 година. Работел во „Детска радост”, објавувал стрипови и илустрации во наши ревии. Во 2009 година го објавува својот прв стрип албум „Кратки резови” и многу други. Моментално работи во издавачката куќа Едука Мак, се вели во најавата за промоцијата на книгата.

Јовчевски има освоено домашни и странски награди. Во 2013 година со својот колега Никола Темков ја основаат издавачката куќа „Стрип Квадрат” специјализирана за објавување дела од македонски автори.

Покрај книгата на Јовчевски, ќе биде промовиран и нов број од „Деветка”, прв стрип-магазин во земјава кој излегува две децении.фф/хс/

Back to top button
Close
Close