Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Промоција на книгата „Големите сили и Македонија во текот на Втората светска војна 1941-1945 година“

Во рамки на „Саемот на книгата 2020“, денеска ќе биде промовирана книгата „Големите сили и Македонија во текот на Втората светска војна 1941-1945 година“ на проф. д-р Марјан Димитријевски. Издавач на делото е Институт за национална историја - Скопје.

Скопје, 12 септември 2020 (МИА) – Во рамки на „Саемот на книгата 2020“, денеска ќе биде промовирана книгата „Големите сили и Македонија во текот на Втората светска војна 1941-1945 година“ на проф. д-р Марјан Димитријевски. Издавач на делото е Институт за национална историја – Скопје.

Книгата е базирана на  најнови научни истаржувања во домашни и странски архиви. Промотор на книгата ќе биде генерал Павле Арсовски.

Промоцијата на книгата ќе биде на отворен простор во промотивниот центар на комплексот А1 АРЕНА – СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. мд/сп/

Back to top button
Close
Close