КултураКултура.Портал

Промоција на две книги од Оља Петрушевска -Томева

Во Културно-Информативниот Центар – Скопје вечер ќе бидат промовирани книгите „Волшебната авантура” и „Одмаздата на богомолката” од Оља Петрушевска -Томева.

Скопје, 9 март 2020 (МИА) – Во Културно-Информативниот Центар – Скопје вечер ќе бидат промовирани книгите „Волшебната авантура” и „Одмаздата на богомолката” од Оља Петрушевска -Томева.

Книгата „Волшебната авантура“ се состои од раскази за деца и е прва литературна објава на Оља Петрушевска Томева.

Книгава, всушност ја сочинуваат два раскази, едниот насловен „Волшебната авантура“ како што е и насловот на книгата, а другиот „Јас, Ана и нашето детство“.

„Одмаздата на богомолката“, е роман за возрасни, како главен мотив на својата креативност распослана на страници и страници создадена приказна некаде меѓу јавето и илузијата.

Оља Петрушевска Томева е дипломиран правник и магистар по европско право и интеграции, авторка на книгата за деца “Волшебната авантура“, која го содржи и насловот “Јас, Ана и нашето детство„ која за себе би рекла дека пред се е мајка, сопруга, домаќинка, пријателка, емпатична човекољупка, поборничка за здрав живот и чиста животна средина, авантуристка, фантазерка, реалистка, накратко обичен човек

Книгите ќе ги промовира Татјана Гогоска, водител Елена Максимовска, драмска игра на Марко и Филип Томеви, пијано придружба – Ана Томев.фф/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close