Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Промоција на дизајн-книгата „Social Inclusion“ и проекција на документарецот “Include, Not Exclude”

Промоција на дизајн-книгата „Social Inclusion“ и проекција на краткометражниот документарен филм насловен “Include, Not Exclude”, ќе се одржи денеска во Скопје во рамки на проектот „Вклучи, не исклучувај“ од 12. Скопје постер фестивал.

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Промоција на дизајн-книгата „Social Inclusion“ и проекција на краткометражниот документарен филм насловен “Include, Not Exclude”, ќе се одржи денеска во Скопје во рамки на проектот „Вклучи, не исклучувај“ од 12. Скопје постер фестивал.

На настанот прв пат ќе бидат изложени и плакатите на победниците на конкурсот за постер на тема „Инклузија, не ексклузија“, кои во јуни 2019 та, работеа во рамки на првата Летна школа за дизајн, организирана од Плакарт во Преспа.

-Плакатите презентираат цврст став за разбивање на стигмите и табуата поврзани со лицата од социјалната маргина, дискриминираните и несоодветно вклучените индивидуи и општествени групи. Да придонесеме за поголема и подобра прифатеност и перцепција, описменување, дури и од страна на скептиците, стигматизаторите, нетолерантните за ваквите горливи прашања и теми од општествен интерес, .

На настанот ќе говорат Лазе Трипков, претседател на Плакарт – Здружението на графички дизајнери и директор на Скопје постер фестивалот, Стефан Томаџиан, заменик амбасадор на Швајцарија, Игор Делов, дизајнер и креатор на социјално ангажиран плакат и Љуљета Адеми, активистка и претставник од заедницата на лицата со попреченост, преведувачка, планинарка. вг/са/

Back to top button
Close
Close