Дописници МКДОпштински вести

Промоција на 16-та генерација на апсолвенти на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово

Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска ја одржа церемонијата за промовирање на шестнаесеттата генерација на апсолвенти. Поради пандемијата, церемонијата првпат беше без присуство на јавноста, а родителите и блиските на апсолвентите ја следеа церемонијата во согласност со протоколите одобрени од здравствените власти и Универзитетот.

Тетово, 12 септември 2020 (МИА)Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска ја одржа церемонијата за промовирање на шестнаесеттата генерација на апсолвенти. Поради пандемијата, церемонијата првпат беше без присуство на јавноста, а родителите и блиските на апсолвентите ја следеа церемонијата во согласност со протоколите одобрени од здравствените власти и Универзитетот.

-Родителите кои не следат по електронски комуникациски канали, имаат посебни емоции кои ќе останат во долго сеќавање и со посебен белег во вашиот живот. Заедно поминавме низ оваа патека со сите придобивки но и предизвици. Свесни дека не е ништо совршено за да не може да биде подобро. Вие сте социјалниот капитал на меѓународната заедница која го основаше овој Универзитет и инвестиција на вашите семејства, интелектуалниот придонес на оваа високообразовна институција е голем, но најголем придонес претставуваат мултикултурните и европските вредности на едно општество, истакна во пригодното обраќање до апсолвентите, ректорот Абдулменаф Беџети.

Сите апсолвенти добија сертификати за завршеното високо образование, а беа прогласени и најдобрите студенти на сите факултети кои имаат највисок просек на оценки.

-Пред неколку години избравме да студираме на најдобриот Универзитет во земјата и регионот, овој посебен ден е посветен на нас студентите кои за време на ова патување сме дојдени на овој универзитет. Секако успесите ќе не следат постојано. Благодарение на оваа институција ќе имаме најсилната основа на знаење, истакна  Ардонит Исмаили еден прогласените за најдобри студенти.ас/бт/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close