Временска прогноза

Променливо облачно со умерен ветер од северозападен правец

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Времето ќе биде променливо облачно, претпладне во западните и северните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната температура од пет до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура ќе достигне до 10 степени.

Во четврток ќе биде суво и посончево. Под влијание на влажен бран во петок се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Back to top button
Close
Close