Временска прогноза

Променливо облачно со умерен до повремено засилен јужен ветер

Скопје, 6 јуни 2020 (МИА) – Од изутрина ќе има повремен дожд. Преку денот ќе биде променливо облачно со повремено засилен јужен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната од 19 до 24 степени. УВ=6

Во Скопје, променливо облачно со умерен до повремено засилен јужен ветер. Преку денот ќе има услови и за појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде 13, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Следува период во кој во претпладнените часови ќе има умерена облачност со сончеви периоди, а претежно попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во понеделник и среда условите за појава на дожд и нестабилност ќе се помали.

Back to top button
Close
Close