0_Македонија.ПорталВременска прогнозаИнфопакет

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за слаб локален дожд

Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информираат од УХМР.

Скопје, 25 мај 2020 (МИА) – Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информираат од УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

Променливо облачно време со сончеви периоди и во Скопје, каде ќе дува умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 22 степени, притисокот = 986 hPa, релативната влажност = 38 %, и средна брзина на ветер = 5 m/s.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време и посвежо со
повремени врнежи од дожд. Утре и во среда ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и
засилен северен ветер. аа/ев/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close