Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

Скопје, 16 јануари 2021 (МИА) – Времето ќе  биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претпладне во јужните делови од земјава ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до 1, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.

Во Скопје, умерено облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 0 степени.

Локални врнежи од снег ќе има и во недела кон крајот на денот, особено во северните делови.

Од понеделник ќе преовладува стабилно и суво време, а до вторник дневните температури во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close