Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

Скопје, 1 август 2020 (МИА) – Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево со умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Ќе има и услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Од недела до вторник времето ќе биде претежно сончево, а дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 6 степени во однос на денешните. Повторно дестабилизирање со локален пороен дожд и грмежи се очекува во среда.

Back to top button
Close
Close