Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините во северозападните делови повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Скопје, 15 април 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините во северозападните делови повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје  умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 14 степени.

Од петок попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, со променлив интензитет. Во понеделник се очекуваат обилни врнежи на повеќе места.

Back to top button
Close
Close