Временска прогноза

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири степени, а дневната температура од два до 11 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до седум степени.

Во петок ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи кои поради затоплувањето ќе бидат претежно од дожд. Преодно стабилизирање на времето се очекува за време на викендот.

Back to top button
Close
Close