Временска прогноза

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Скопје, 25 октомври 2020 (МИА) – Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Во источните делови на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од пет до 11 степени, а дневната температура ќе се движи од 12 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен западен ветер.

Утринската температура ќе достигне до девет степени, а дневната температура до 19 степени.

Потоа се очекува период на претежно стабилно време, освен во среда кога во јужните делови ќе има услови за локален дожд.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close