0_Web_АктуелноВременска прогноза

Променливо облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 л/м2), проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Скопје, 13 април 2021 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 л/м2), проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи. Во среда и четврток на планините врнежите ќе бидат од снег. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег се очекува за време на викендот.

Back to top button
Close
Close