Временска прогноза

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Скопје, 19 август 2020 (МИА) – Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме. УВ=7

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната температура од 22 до 31 степени.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7

Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната температура до 28 степени,.

Од четврток следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура. Во четврток ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Back to top button
Close
Close