0_Македонија.ПорталОпштествоПолитикаХроникаХроника.Портал

Професор осомничен за обид за силување се обесил во затворот во Шутка

Професор од Тетово осомничен за силување на осумгодишно девојче, вчера околу 16 часот си го одзел животот во затворот во КПУ Скопје, потврдија за МИА од затворот.

Скопје, 9 септември 2020 (МИА) – Професор од Тетово осомничен за силување на осумгодишно девојче, вчера околу 16 часот си го одзел животот во затворот во КПУ Скопје, потврдија за МИА од затворот.

Шеесет и едногодишниот професор се обесил во ќелијата каде што бил сместен, а откако бил пронајден била констатирана смрт.

Тој беше уапсен на крајот на февруари годинава под обвинение за обид за силување на малолетничката. Обидот за силување го пријавила мајката на девојчето. дма/сп/

Back to top button
Close
Close