0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020Политички партии

Професионалци на чело на АВМУ и НРТВ, најави Заев како одговор на едно од прашањата на ССНМ, ЗНМ и СЕЕМ

Професионални раководства на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Националниот радиодифузен сервис најави лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот налог на Твитер.

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Професионални раководства на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и националниот радиодифузен сервис најави лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот налог на Твитер.

Тој со ова даде одговор на едно од прашањата кои ги поставија Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ)  до политичките партии и коалиции кои ќе настапат на предвремените парламентарни избори.

-АВМУ и НРТВ ќе добијат раководства од професионалци, избрани пред цела јавност, за конечно ослободување од режимот. @MickoskiHM и @ilijadimovski веќе нема да го кочат овој процес бидејќи #СДСМ ќе освои големо мнозинство пратеници, со што слободата ќе издоминира врз принудата, напиша Заев.

Заев најави дека во накус можен рок ќе даде одговори и на другите прашања.

Прашања кои ги упатуваат до политичарите е да кажат што за нив претставува новинарството, како планираат да го поддржат професионалното новинарство на долг рок, што ќе направат за подобрување на независноста на финансирањето на МРТВ, за подобрување на безбедноста на новинарите, за поттикнување на колективното преговарање во медиумите…ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close