Оригинални текстови

Проф. д-р Драги Рашковски е кандидат на NAIM за член на Извршниот комитет на IFIA

По предлог на Извршниот одбор на проф. д-р Драги Рашковски едногласно e избран за кандидат за член на Извршниот  комитет на IFIA (International Federation of Inventors Associations - Светска федерација на здруженија на пронаоѓачи).

Скопје, 11 мај 2020

По предлог на Извршниот одбор на проф. д-р Драги Рашковски едногласно e избран за кандидат за член на Извршниот  комитет на IFIA (International Federation of Inventors Associations – Светска федерација на здруженија на пронаоѓачи).

Според статутот на IFIA, право да бираат и да бидат избрани во раководни тела на оваа светска федерација имаат само полноправни членки на IFIA. NAIM го искористи ова свое право и го предложи проф. д-р Рашковски, кој доколку биде избран ќе биде првиот македонски пронаоѓач во историјата кој станал член на ова највисоко раководно тело во IFIA.

Проф. д-р Рашковски има исклучително високи професионални и пронаоѓачки постигања. Член е на NAIM и член е на советот на NAIM.

На последниот меѓународен саем АРХИМЕДЕС 2020 во Москва проф. д-р Рашковски настапи со својот пронајдок „Систем и уреди за контрола на брзината на возилата во сообраќајот со определување на просечната брзина и изрекување на казни“. Неговиот пронајдок  беше награден со двете највисоки признанија – Пехар и Златен медал.

Мирко Узелац, претседател на Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија (NAIM)

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close