0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.Портал0_МИА Истражува.ПорталBiznis.SlajderMakedonija.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономијаИнтервјуМИА Истражува

Проф. д-р Јаневски за МИА: Предуслов за дигитализација на општеството е сите да имаат пристап до Интернет со задоволителен квалитет

Денес е клучно е сите да можат да имаат пристап до Интернет со задоволителен квалитет, вклучувајќи и фиксни и мобилни пристапни мрежи. Тоа е предусловот за дигитализацијата на општеството, како и дигитализација на сите институции и бизниси. Според тоа, дигитализација на образовниот систем, на здравството или сервисите што ги нудат државата и општините, се важни, но исто така важна е и дигитализацијата на земјоделството, сточарството, и секоја бизнис гранка која досега не била дигитализирана. За таа цел потребно е и обучување и учење на сите засегнати страни, за да може да има реални придобивки од самата дигитализација за целото општество.  Тоа го истакнува проф. д-р Тони Јаневски, редовен професор во областа телекомуникации на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ со кого разговаравме по повод Светскиот ден на телекомуникациите - 17 Мај.

Back to top button
Close
Close