0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вести

Проект за зајакнување на образовниот капацитет за инвазивни и алохтони видови

Зајакнување на образовниот капацитет за управување со ризиците од ненативните и инвазивни видови во регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора), по пат на промовирањеедукативни активности за студентите од високото образование и засегнатите страни од целните земји, е целта на преоктот што во рамки на програмата „Erazmus+ градење на капацитети во високото образование за 2020 година“ го имплементираат Хидробиолошкиот институт од Охрид и охридското Здружение за екологија „Екоменолог“.

Охрид, 23 април 2021 (МИА) – Зајакнување на образовниот капацитет за управување со ризиците од ненативните и инвазивни видови во регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора), по пат на промовирањеедукативни активности за студентите од високото образование и засегнатите страни од целните земји, е целта на преоктот што во рамки на програмата „Erazmus+ градење на капацитети во високото образование за 2020 година“ го имплементираат Хидробиолошкиот институт од Охрид и охридското Здружение за екологија „Екоменолог“.

Покрај курсевите што ќе бидат развиени специјално во функција на магистерските програми, како и програмите за другите засегнати страни со проектот, ќе се развие и модел за управување со ризиците од ненативните и инвазивни видови.

Конзорциумот на проектот „RiskMan“ се состои од 11 партнери од осум држави заеднички развиваат единствена платформа заснована на иницијативата за граѓанска наука што ќе се користи во Балканскиот регион како почетна точка за вклучување други универзитети, агенции, меѓународни или национални институции. Сите тие институции ќе можат да ја користат платрформата како алатка за понатамошно промовирање на проблемот со инвазивни и ненативни видови, но истовремено и како корисен инструмент за справување и управување со односните видови.

Координатор на проектот е Универзитетот „Мугла“ од Турција, а покрај Хидробиолошки институт Охрид и „Екоменлог“ Охрид, во проектот се вклучени и универзитети од Палермо, Загреб, Сараево, Тирана, Бихаќ, Подгорица, како и институти и невладини организации од Албанија, Грција и два поврзани партнери од Турција.

Првпат проектот вклучува соработка помеѓу невладините организации, јавноста и приватни институции на национално и регионално ниво.

За повеќе информации во врска со проектните активности, можноста за вклучување во имплементацијата и следење на неговата реализација, заинтересираните можат да се информираат преку официјалниот фејсбук-профил на проектот Erasmus+ CBHE project RiskMan | Facebook, но и преку официјалната веб страна на Европската комисија: Erasmus+ project card | Erasmus+ (europa.eu). аб/мч/

Back to top button
Close
Close