0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Проект за инклузија на деца Роми во предучилишно образование во Општина Неготино

Неготино учествува во проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“, информираат од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа. Договорот за вклучување во проектот го потпишале градоначалникот Тони Делков, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, претставничката на Ромскиот образовен фонд од Будимпешта Мабера Камбери и директорката на неготинската градинка Јана Коцева. 

Неготино, 29 јануари 2020 (МИА)Неготино учествува во проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“, информираат од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа. Договорот за вклучување во проектот го потпишале градоначалникот Тони Делков, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, претставничката на Ромскиот образовен фонд од Будимпешта Мабера Камбери и директорката на неготинската градинка Јана Коцева. 

-Проектот во нашата општина ќе започне да се спроведува од февруари во други просторни услови во селото Криволак. Таму  ќе престојуваат дечињата од ромската заедница, а за нив ќе се грижат и ќе ги воспитуваат една негувателка и еден медијатор, појаснија од општинската прес-служба. 

Целта на проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишното образование“ во општина Неготино е отстранување на постоечките  бариери за пристап до предучилишните установи за ромските дечиња на возраст од 3 до 6 години, инклузија на децата и нивна социјализација, како и зајакнување на свеста кај нивните родители за важноста на раниот детски развој и образованието на нивните деца. свд/сст/

Back to top button
Close
Close