Дописници МКДОпштински вести

Проект Иновациски центар: Компаративна предност за поголема конкурентност

Приближно 150 мали и средни компании од Североисточниот, Скопскиот и Вардарскиот Регион биле вклучени во проектот Иновациски центар: Компаративна предност за поголема конкурентност, што денеска беше презентиран на завршниот настан во Занаетчискиот дом во Куманово.

Куманово, 11 декември 2019 (МИА) – Приближно 150 мали и средни компании од Североисточниот, Скопскиот и Вардарскиот Регион биле вклучени во проектот Иновациски центар: Компаративна предност за поголема конкурентност, што денеска беше презентиран на завршниот настан во Занаетчискиот дом во Куманово.

Проектот го спроведува Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Куманово, со финансиска поддрша од ЕУ. Освен компаниите, во проектот биле вклучени и јавниот сектор,образовните институции, локалните самоуправи, универзитетите и акцелераторите со кои компаниите се запознале и се вмрежиле.Македонските компании се иновативни, оценуваат надлежните кои го реализирале проектот.

– Духот на иновативноста постои, потребна е околина која ќе му даде можност да дојде до израз и да се развива, ние таа околина се уште ја немаме усовршено како други, има многу простор за работа, но цениме дека со овој проект дадовме значаен придонес во подобрување на опкружувањето за сите нас да бидеме поиновативни, покреативни, и на тој начин најсигурно да го развиеме бизнис секторот на одржлив пат-изјави, проект менаџерот  Горан Лазаревски.

Во текот на двете години колку што траел проектот биле организирани настани на кои се едуцирале компаниите за нови методи и вештини.

– Најбитно беше вмрежувањето на самите фирми помеѓу самите фирми меѓутоа и помеѓу фирмите и меѓу ваквите научни истражувачки институции, тука беше и МАНУ, многу акцелератори вклучени, технолошки паркови, но сето тоа вмрежување даде одредени конкретни проекти од кои, еве веќе  пет проекти почнуваме да ги имплементираме и се надеваме дека такви ќе има уште повеќе, со цел да се искористат средствата од ЕУ. Имаме успешни приказни, конкретни резултати, навистина реални настани како што можеа и фирмите да прусуствуваат и се надевам дека со исто такво темпо ќе продолжиме и по завршување на овој проект, се со цел сето она што го постигнавме овие две години да го одржиме и да можеме да го надоградиме  за доброто на малите и средните претпријатија од регионот и пошироко, рече проект координаторот  Димитар Ташевски.

Проектот се реализираше во три региони во земјава, Североисточниот, Скопскиот и Варадарскиот, а е финансиран од ЕУ преку Секторот за централно финансирање на Министерството за финансии. ам/цр/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close