0_Магазин.ПорталСцена

Продуцентот Дитејл уапсен за шест случаи на сексуално насилство

Максималната казна за шесте обвиненија е 225 години или доживотен затвор.

Лос Анџелес, 7 август 2020 (МИА) – Музичкиот продуцент Ноел Фишер, познат под прекарот Дитејл, е обвинет и уапсен за принуда и силување на пет жени и сексуален напад врз уште една.

Обвинителството на Округот Лос Анџелес во Калифорнија (САД) соопшти дека тие вкупно 11 напади се извршени во периодот од 2010 до 2018 година. Распонот на возраста на жртвите е од 18 до 31 година.

Три од делата завршиле со потешки телесни повреди, а во други е вклучено присилно лишување од слобода и принуда на жртвата.

Ирвин Марк Бледстин, адвокат на продуцентот, изјави дека сѐ уште немал консултации со клиентот, но е речиси сигурен дека тој ќе се изјасни невин. Максималната казна за шесте обвиненија е 225 години или доживотен затвор.

Дитејл (41) во минатото соработувал со Бијонсе, Џеј Зи, Џенифер Лопез, Лил Вејн, Дрејк и други светски познати музички ѕвезди. си/паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close