Наука и технологија

Продолжуваат заедничките руско-американски проекти во Земјината орбита

Извршниот директор на руската вселенска агенција Роскосмос, Сергеј Крикаљев, потврди дека следниот месец најверојатно се обновува соработката со американската НАСА. Имено, новото испраќање руско-американски тим на Меѓународната вселенска станица (МВС) ќе се случи на 3 декември, но НАСА сѐ уште официјално тоа не го потврдила.

Лос Анџелес, 2 ноември 2018 (МИА) – Извршниот директор на руската вселенска агенција Роскосмос, Сергеј Крикаљев, потврди дека следниот месец најверојатно се обновува соработката со американската НАСА. Имено, новото испраќање руско-американски тим на Меѓународната вселенска станица (МВС) ќе се случи на 3 декември, но НАСА сѐ уште официјално тоа не го потврдила.

По распадот на СССР, првата хаварија при лансирање пилотирано руско вселенско летало се случи на 11 октомври годинава. Ракетата носач „Сојуз-ФГ” не успеа да го пренесе бродот „Сојуз МС-10″ на платформата на МВС каде што се наоѓаше новиот екипаж.

Хаваријата предизвика автоматско катапултирање на капсулата во којашто биле астронаутите, па немаше жртви. Истрагата на „Роскосмос” покажа дека причина за несреќата било дефект на делот што ја дели ракетата на прв и втор степен.

Американската страна е информирана за резултатите од истрагата. си/

Таг
Back to top button
Close
Close