Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Продолжуваат протестите во Белорусија

Демонстрантите и денеска се собраа во Минск и другите белоруски градови, барајќи оставка од претседателот Александар Лукашенко поради лажираните изборни резултати

Минск, 20 август 2020 (МИА) – Демонстрантите и денеска се собраа во Минск и другите белоруски градови, барајќи оставка од претседателот Александар Лукашенко поради лажираните изборни резултати.

Додека Лукашенко тврди дека демонстрантите се марионети на Западот и се закани дека кривично ќе бидат гонети лидерите на опозицијата, а на неговата опонентка на изборите Светлана Тихановскаја и се закани со апсње.

Претседателот на Белорусија ги отфрли критиките на Европската Унија, која од вчерашниот вонреден самит соопшти дека не ги признава резултатите од претседателските избори и изрази солидарност со демонстрантите. ЕУ најави и санкции за белоруските претставници кои се одговорни за бруталните полициски интервенции по изборите, што се одржаа на 9 август.

Во првите четири дена од протестите полицијата уапси речиси 7.000 луѓе, а стотици беа повредени од гумени куршуми, шок бомби и пендраци. Најмалку тројца демонстранти загинаа.

Тоа предизвика бес и ја зголеми масовноста на протестите, а во неделата во Минск се собраа 200.000 луѓе.

Лукашенко вчера издаде и наредба полицијата да ги задуши протестите. Од вчера на улиците на Минск е зголемено полициското присуството. Полицијата го блокираше пристапот до владините згради, а полицајци се распоредени и во најголемите фабрики, каде од понеделникот штрајкуваат работниците. Лукашенко вчера се закани со откази за штрајкувачите. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close