Дописници МКДОпштински вести

Продолжуваат донациите за дебарската болница

Во дебарската општа болница со проширена дејност продолжуваат донациите, како од локални жители така и од иселениците во САД по потекло од општините Дебар и Центар Жупа.

Дебар, 14 септември 2021 (МИА) – Во дебарската општа болница со проширена дејност продолжуваат донациите, како од локални жители така и од иселениците во САД по потекло од општините Дебар и Центар Жупа.

Баки Алили, директор на болницата, информираше дека сограѓанин, жител на Дебар, кој сакал да остане анонимен донирал 50 ќебиња за пациентите.

– Ова е последователна донација, навистина ги има многу, како од локални жители така и од нашинци кои живеат и работат во САД, а се по потекло од двете општини, рече градоначалникот, изразувајќи благодарност до сите.

Дополни дека повеќе иселенци до сега донирале по пет илјади долари со кои е извршена наплата на фактурите за набавка на кислород, локални претприемачи и жители донираа апарати за мерење крвен притисок, апарати за мерење ниво на шеќер во крвта, топломери, како и средстава за хигиена, дезинфекција и вода за пиење.

Во тек е прибирање финансиски средства на посебна жиро-сметка отворена од татковинското друштво „Дибра“ во САД. До сега прибрани се 70.000 долари.

Меѓу многуте иселенци, кои донирале финансиски средства е и светски познатата Блета (Бебе) Реџа, чиј татко е дебранец, која донирала 10.000 долари. Таа преку социјалните мрежи упати апел до сите да донираат средства во рамки на нивните можности.

Според претставници на друштвото, предвидено е да бидат собрани 100.000 долари, кои ќе бидат наменети за набавка на најнеопоходните апарати за дебарската болница, каде што здрствена заштита добиваат и жителите од соседната општина Центар Жупа. вт/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close