БалканБалкан.Портал

Продолжуваат антивладините протести во Бугарија

Нови протести се закажани против владата за денеска во Софија, Варна, Бургас, Стара Загора, Хасково и неколку други градови во Бугарија.

Софија, 13 јули 2020 (МИА) – Нови протести се закажани против владата за денеска во Софија, Варна, Бургас, Стара Загора, Хасково и неколку други градови во Бугарија.

Главните барања на демонстрантите се оставката на владата и главниот обвинител.

Протестите досега се мирни. Зголемено присуство на полицијата има во сите градови.

Слоганите под кои протестираат се – „Протестирам за да не емигрирам“, „Сакаме иднина за нашите деца“, „Бугарија на народот, а не на мафијата“. зш/

Back to top button
Close
Close