Дописници МКДОпштински вести

Продолжува трендот на намалување на долговите во училиштата во Кичево

Во изминативе шест години долговите на училиштата во Општина Кичево се намалија од 1.536.759,74 евра, на сегашните 488.619,95 евра, благодарение на заложбите на општинските власти за поголема одговорност од раководителите на училиштата и зголемена дисциплина.

Кичево, 14 јануари 2020 (МИА) – Во изминативе шест години долговите на училиштата во Општина Кичево се намалија од 1.536.759,74 евра, на сегашните 488.619,95 евра, благодарение на заложбите на општинските власти за поголема одговорност од раководителите на училиштата и зголемена дисциплина.

– Резултатот од оваа работа е фактот дека денес во Кичево многу училишта работат без долг и можат да се справат со нивната секојдневна работа без никакви проблеми пред се како резултат на деблокирање на нивните банкарски сметки. Новосоздадената состојба сега им дава можност на директорите на училиштата да преминат кон другите приоритети поврзани со подобрување на условите за развој на процесот на наставата како и подобрување на квалитетот на образованието, изјави раководителот на финансискиот сектор во Општина Кичево, Бурим Кадриу.

Тој нагласува дека овие податоци не значат оти се решени сите проблеми во училишта, но непобитен факт е, како што вели, дека има позитивен тренд.

– Освен оваа ние како Општина имаме и многу инвестиции во самите училишни објекти, интервениравме и во набавка на нафта за греење, како и огревно дрво за училиштата и тоа многу придонесе да се намали долгот. Кога ќе се собере се вкупно самиот краен резултат ја прави Општината Кичево, една од најуспешните во земјава, додаде Кадриу. рз/сп/

Back to top button
Close
Close