0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерХроникаХроника.Портал

Продолжува судењето за „Рекет”

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судскиот предмет „Рекет", кој е во фаза на дополенине на доказна постапка, односно одбраната на обвинетите Бојан Јовановски и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева ќе презентира материјални докази.

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судскиот предмет „Рекет”, кој е во фаза на дополенине на доказна постапка, односно одбраната на обвинетите Бојан Јовановски и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева ќе презентира материјални докази.

По оваа фаза следуваат завршните зборови.

Во досегашниот процес за случајот „Рекет”, се презентираа разни материјални докази и сведоци.

Судењето почна во декември минатата година. На првото рочиште второобвинетитот Зоран Милевски – Кичеец ја прифати вината и доби осудителна пресуда од три години затвор. На истиот пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор.

За случајот „Рекет”, Обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција, обвинитетите Боки 13 и Катица Јанева ги товари дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја”) за да му се укине мерката притвор во наведениот предмет. оџ/ев/

Back to top button
Close
Close