0_Македонија.ПорталПолитика

Продолжува судењето за „Маџар Телеком”

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Маџар телеком“.

Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) – Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот Маџар телеком“.

Предметот „Маџар телеком” се води против поранешните генерален и финансиски директор на „Македонски телеком“, Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми.

Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска. Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од обвинителството. Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.оџ/бк/

 

Back to top button
Close
Close