0_Македонија.ПорталОпштество

Продолжува соработката на ЈП Службен весник со Правната клиника при Правниот факултет „Јустинијан Први“

ЈП Службен весник на РСМ со овозможување на бесплатен пристап до електронската база на прописите, веќе трета година, во континуитет, го поддржува функционирањето на Правната клиника при Правниот факултет од Скопје.

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – ЈП Службен весник на РСМ со овозможување на бесплатен пристап до електронската база на прописите, веќе трета година, во континуитет, го поддржува функционирањето на Правната клиника при Правниот факултет од Скопје.

-Правната клиника има за цел да гради знаења и вештини на студентите за давање правни информации и совети на ранливи лица, а ЈП Службен весник на РСМ со обезбедување на бесплатен пристап до електронската база на прописите, како алатка за брзо и лесно пребарување на севкупното законодавство на Република Северна Македонија, сака да придонесе во зајакнувањето на капацитетите на институцијата за обезбедување практична настава и да даде поддршка во остварувањето на правата на граѓаните на кои таа им е потребна, информираат од ЈП Службен весник на РСМ .

Како единствена, со закон овластена институција, ЈП Службен весник на РСМ ги објавува прописите во Република Северна Македонија и во овие денови на вонредна состојба, се вклучува во градење синергии преку зајакнување на електронската комуникација со граѓанските организации и институции за одбрана на правата на граѓаните.

Со овој вид на соработка, ЈП Службен весник на РСМ, продолжува да им помага и на студентите и на наставниот кадар при Правниот факултет од Скопје, во подготвувањето на потребните правни совети. дма/ев/

Back to top button
Close
Close