БалканБалкан.Портал

Продолжува потрагата по вториот пилот од урнатиот воен хеликоптер во Хрватска

Потрагата по вториот пилот на воениот хеликоптер кој се урна вчера на хрватскиот остров Зларин, во Јадранско Море, траеше цела ноќ, а ќе продолжи и во текот на денот.

Загреб, 28 јануари 2020 (МИА) – Потрагата по вториот пилот на воениот хеликоптер кој се урна вчера на хрватскиот остров Зларин, во Јадранско Море, траеше цела ноќ, а ќе продолжи и во текот на денот.

Претходно, во текот на вчерашниот ден беше пронајдено едно тело, кого спасувачите околу пладне го извлекле од морето.

Во потрагата беа вклучени седум бродови и хеликоптер, а во вечерните часови и подморница на Хрватската воена морнарица, како и оперативните служби на Министерството за внатрешни работи.

До падот на хеликоптерот Kiowa ОХ-58  дојде за време на тренажен лет, кој почнал околу 10.30 часот. Хеликоптерот се урна половина час по полетувањето.

Хрватското Министерство за одбрана вчера соопшти дека се преземаат сите мерки и активности со цел пронаоѓање и спасување на екипажот. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close