0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Продолжува порастот на позитивни на коронавирусот во Пијанечко-малешевскиот регион

Во Берово и Делчево продолжува негативниот тренд на пораст на бројот на позитивни пациенти на Ковид-19. Денес во двете општини регистрирани се 11 нови пациенти, од кои осум во Берово. Здравствените надлежни од оваа општина информираа дека поголем дел од пациентите се во добра здравствена состојба.

Берово, 21 август 2020 (МИА) – Во Берово и Делчево продолжува негативниот тренд на пораст на бројот на позитивни пациенти на Ковид-19. Денес во двете општини регистрирани се 11 нови пациенти, од кои осум во Берово. Здравствените надлежни од оваа општина информираа дека поголем дел од пациентите се во добра здравствена состојба.
-За жал, денеска мора да констатираме дека имаме најголем број на заболени на дневно ниво, вкупно осум лица, кои по тестирањата се позитивни на вирусот Ковид-19. Повеќето од нив се во добра состојба, но има и пациенти кои се лекуваат во болнички услови. На сите им посакуваме поскоро закрепнување, истакнаа надлежните.
Како што информираа од Здравствениот дом „Гоце Делчев“, во Дечево од претходно направените тестирања денеска има тројца позитивни и седум негативни пациенти.
-Од направените тестови од претходниот период, за жал, и денеска имаме тројца позитивни. Тестирањата продолжуваат и понатаму. Денес имавме нови тестирани за кои резултатите ќе ги соопштиме во текот на наредните денови, соопштија од Здравствен дом „Гоце Делчев“ – Делчево.
Со новите позитивни, бројот на активни случаи со Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион денеска изнесува 37 пациенти, од кои четири се од општините Македонска Каменица и Пехчево. вс/хс/

Back to top button
Close
Close