Општински вестиСкопје

Продолжува извршното дејствие околу одлуката за уривање на галијата, ново судско рочиште на 7 јули

Одлуката за уривање на галијата во Вардар се носи по основ на извршната клаузула во договорот што го има постигнато Градот Скопје со корисникот на просторот. Ние веќе продолживме минатата недела со извршното дејствие со надлежниот извршител ангажиран од страна на градот и таа постапка како континуитет си продолжува, соопшти градоначалникот Шилегов на денешната промоција на новонабавените специјални комунални возила-камиони за собирање и транспорт на комунален отпад.

Скопје, 21 јуни 2021 (МИА) – Одлуката за уривање на галијата во Вардар се носи по основ на извршната клаузула во договорот што го има постигнато Градот Скопје со корисникот на просторот. Ние веќе продолживме минатата недела со извршното дејствие со надлежниот извршител ангажиран од страна на градот и таа постапка како континуитет си продолжува, соопшти градоначалникот Шилегов на денешната промоција на новонабавените специјални комунални возила-камиони за собирање и транспорт на комунален отпад.

Шилегов воедно истакна дека временската рамка била укината, како и дека ново рочиште било закажано на 7 јули.

– Одлуката на Апелациониот суд во Скопје е да ја укине времената мерка на Основниот суд и ние заради тоа продолживме со извршните дејствија, а Основниот суд во Скопје закажа рочиште на 7 јули на кое што јас кажав дека ќе го застапувам Град Скопје. За оние кои не знаат, согласно Законот, законски застапник на институцијата е градоначалникот и јас имам право да го застапувам овој град во секоја постапка, нагласи Шилегов.

Тој воедно информира дека по надминатите проблемите од формален карактер, наскоро ќе започнат активностите околу уредување на зелениот покрив на Мавровка. свс/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close