Дописници МКДОпштински вести

Продолжува изградбата на инфраструктура во зоната Речица, Кумановско

Општина Куманово продолжува со изградба на улици и канализација во индустриската зона Речица. Во зоната претходно веќе беа изградени дел од пристапните улици.

Куманово, 20 февруари 2020 (МИА) – Општина Куманово продолжува со изградба на улици и канализација во индустриската зона Речица. Во зоната претходно веќе беа изградени дел од пристапните улици.

Владата пред година и половина одвои 20 милиони денари за инфраструктурно уредување на зоната.

– Во тек е поставување основна траса на пристапен пат со атмосферска канализација во индустриска зона Речица, објави кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Во средината на 2019 година, средства од Владата, беа префрлени на општината која објави тендер на кој беше избрана кумановската компанија „Кооп Инжињеринг“ за изведување на градежните активности. Ова е прва индустриска зона што се гради во Куманово.

Зоната  се наоѓа на атрактивна локација, непосредно до автопатот Куманово-Табановце на пет километри до границата со Србија. На површина од околу 60 хекатри, зоната  има 51 градежна парцела со различна големина, урбанистички е уредена за лесна и незагадувачка индустрија, трговски единици, сместувачки капацитети, сервиси и стоваришта. По изградбата на зоната, домашните и странските инвеститори ќе можат да купат парцела со различни големини и со различни цени, почнувајќи од 61 до 800 денари за метар квадратен. ам/цр/

Back to top button
Close
Close