0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталДописници МКДОпштински вести

Продолжува да работи добиточниот пазар во Битола

Јавното претпријатие „Пазари“ утре повторно ќе го отвори добиточниот пазар во Битола кој превентивно беше затворен на 23 март.

Битола, 4 мај 2020 (МИА)Јавното претпријатие „Пазари“ утре повторно ќе го отвори добиточниот пазар во Битола кој превентивно беше затворен на 23 март.

Според директорот на ЈП „Пазари“-Битола, Владо Атанасовски, нема пречки за сточниот пазар повторно да биде во функција, а дозволата е обезбедена од Агенцијата за храна и ветеринарство.

-Сточниот или добиточниот пазар со кој ние стопанисуваме привремено беше затворен исто како и другите добиточни пазари во државата, а се со единствена цел да се придонесе во заедничката борба против ширењето на коронавирусот. Но, од денес добиточните пазари продолжуваат со работа, а во Битола формално од утре затоа што Сточниот пазар во Битола единствено го отвораме во вторник и продажба на стока се врши само во вторник за што се запознати традиционалните корисници на нашите услуги, посочи Атанасовски.

Од ЈП „Пазари“-Битола потврдуваат дека преземени се сите заштитини мерки, корисниците имаат обврска да ги почитуваат за заштита од Ковид-19, а процесот ќе го надгледуваат ветеринарни експерти и служби. мт/хс/

Back to top button
Close
Close