Дописници МКДОпштински вести

Продолжува чистењето на дивите депонии во делчевско

Во Делчево продолжува чистењето на дивите депонии во градот и селските средини. Со оваа активност денеска беше опфатена дивата депонија кај месноста Црквенска Река, каде екипи на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ го чистеа градежниот шут и друг отпад во близина на споменатата локација.

Делчево, 3 февруари 2021 (МИА) – Во Делчево продолжува чистењето на дивите депонии во градот и селските средини. Со оваа активност денеска беше опфатена дивата депонија кај месноста Црквенска Река, каде екипи на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ го чистеа градежниот шут и друг отпад во близина на споменатата локација.
-Со механизација и рачно се чистеше дивата депонија формирана покрај каналот на Црквенска Река. Се работи за локација полна со градежен шут и друг отпад кој ја загадуваше животната средина и претставуваше потенцијална опасност по здравјето на граѓаните и го нагрдуваше околниот просторот. Акцијата е во согласност со годишната програмата на Општина Делчево за регулација на речните корита и водотеци, како и програмата на комуналното претпријатие за чистење диви депонии, информираа од ЈКП „Брегалница”.
Оттаму најавија продолжување на акцијата за чистење на дивите депонии, речните корита и канали и во другите населени места.
Претходно со механизација и екипи на Јавното комунално претпријатие се исчисти депонијата формирана покрај речното корито на реката Желевица во селото Тработивиште.

Од Општина Делчево уште еднаш апелираа за свесност на граѓаните и за почитување на животната средина, со цел да се превенираат здравствени проблеми, но и да се придонесе кон модерен и урбан изглед на Делчево. вс/рп/

Back to top button
Close
Close