0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитикаХроникаХроника.Портал

Продолжи судењето за „Таргет-Тврдина“, ова и следните рочишта затворени поради сведочење на вработени во поранешна УБК

Во Кривичниот суд во Скопје, денеска продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина”, но рочиштето е биде затворена за јавноста, од причина што ќе сведочат вработени од поранешно УБК. Застапниците на обвинението изјавија дека и следните рочишта ќе бидат затворени за јавноста токму од оваа причина.

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Во Кривичниот суд во Скопје, денеска продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина”, но рочиштето ќе биде затворена за јавноста, од причина што ќе сведочат вработени од поранешно УБК. Застапниците на обвинението изјавија дека и следните рочишта ќе бидат затворени за јавноста токму од оваа причина.

Предметот е во фаза на презентирање сведоци. Досега во оваа постапка имаат сведочено свиркачите Звонко Костовски и Ѓорѓи Костовски, поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски, поранешниот премиер Зоран Заев и други лица.

Обвинети во овој предмет за нелегално прислушување се Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК, Гордана Јанкуловска, поранешна министерка за внатрешни работи и други лица од УБК.

Предметот го води Кривичниот совет составен од судијата Џенета Бегтовиќи и Владимир Туфегџиќ.

Обвинението е застапувано од обвинителите Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Ленче Ристовска. оџ/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close