Некатегоризирано

Продолжи изградбата на патот од населбата Вера Которка до село Биљaновце, Кумановско

Продолжува изградбата на локалниот пат од кумановската населба Вера Которка до село Биљановце во должина од 2,045 километри. Изградбата почна минатата есен и досега е изграден еден километар.

Куманово, 4 март 2020 (МИА) – Продолжува изградбата на локалниот пат од кумановската населба Вера Которка до село Биљановце во должина од 2,045 километри. Изградбата почна минатата есен и досега е изграден еден километар.

– Изградбата на патот ја спроведува кумановската фирма „Кооп инженеринг“. Над 17,9 милиони денари обезбедува Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството, додека Општина Куманово обезбедува 3,2 милиони денари, изјави Момчило Јовановски, претставник на одделението за комунални работи од Општина Куманово.

Досега се користеше патот меѓу двете населени места што само беше пробиен од локалното население. Со неговата изградбата се очекува побезбедно и поефикасно поврзување.

Се планира во иднина Општина Куманово со сопствен или средства од дополнителни фондови да продолжи со поврзувањето од село Биљановце до село Пчиња над клучката кај автопатот.

Секторите за урбанизам, за локален економски развој и комунална инфраструктура, минатата година аплицираа до Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој за мерката 3.2.1 за развој на јавна инфраструктура во рурални средини, односно под мерка инвестиции во локална патна инфраструктура за поврзување две или повеќе населени места. ам/лв/

Back to top button
Close
Close