0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Продолжени сертификатите на возачите во меѓународниот патен сообраќај и за превоз на опасни материи

Со уредби со законска сила се продолжени роковите на важење на сертифкатите на возачите во меѓународниот патен сообраќај и на возачите кои вршат превоз на опасни материи, за време на вонредната состојба. Одложено е и објавувањето на огласот за одобрување возни редовии за нови линиии или промена на возни редови на одобрени линии.

Скопје, 17 мај 2020 (МИА) – Со уредби со законска сила се продолжени роковите на важење на сертифкатите на возачите во меѓународниот патен сообраќај и на возачите кои вршат превоз на опасни материи, за време на вонредната состојба. Одложено е и објавувањето на огласот за одобрување возни редови за нови линиии или промена на возни редови на одобрени линии.
Владата денеска на седница донесе уредба со законска сила за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај за време на вонредна состојба, со којашто се одложува спроведувањето на испитите во надлежност на Министерството за транспорт и врски и се продолжува рокот на важење на сертификатите на возачите кои вршат превоз на опасни материи, соопшти владината прес-служба.
Со цел да се продолжи рокот на важење на сертификатите на возачите кои учествуваат во меѓународниот патен сообраќај и да се одложи спроведувањето на јавниот оглас за одобрување возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии, на седницата е донесена уредба со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба.лв/хс/

Back to top button
Close
Close